Социјалните проблеми на Балканот, се во фокусот на регионалната конференција што на тема „Интегрирање на разлики – човекови права, социјална инклузија и социјална кохезија на Балканот кон патот до ЕУ“, синоќа започна во Охрид.

На конференцијата што ја организира Институтот Евро-Балкан со поддршка на Владата на Р.М. и Европската комисија, учествуваат претставници од државната администрација од регионот, истражувачи и претставници на невладиниот сектор кои се занимаваат со прашања поврзани со граѓанските права.

Ohridnews