Овој викенд Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен турнир во хокеј на трева во Македонија.
Како што не информираа од Федерацијата за хокеј на трева, на турнирот ќе учествуваат три екипи од Македонија: „Паткари“, „Витези“ и „Стик“, три екипи од Бугарија и една екипа од Србија.
Ждребот за натпреварите кои ќе се играат по систем на елиминација ќе се одржи денеска. Сите натпревари ќе се играат утре (сабота) во спортската арена „Билјанини извори“, а првата средба е закажана за во 9 часот. Вкупно ќе бидат одиграни 10 натпревари, а финалето се очекува да започне во 14.30 ч.
За победникот, второ и третопласираниот обезбедени се медали, а наградени ќе бидат и најдобриот играч и стрелец на турнирот, информираат од организацискиот одбор на првиот меѓународен турнир во хокеј на трева.