Широкиот опсег на примена на магнетната резонанца е тема на првиот меѓународен семинар за магнетна резонанца што вчера започна во Охрид. На семинарот што ќе трае до 30-ти август  предавања ќе одржат еминентни професори, истражувачи и научни работници од земјава, САД, Канада, Германија, Русија, Италија и од балканските држави.


Во рамки на семинарот ќе се одржи и симпозиум на тема „Белата мозочна маса кај шизофренијата“ организиран од Универзитетот Колумбија, Њујорк, на кој ќе говорат светски познати експерти од таа научна област.

Ohridnews