Во Охрид од денеска ќе започне првата Меѓународна конференција за приватно обезбедување на која учество ќе земат и претставници од Министерството за внатрешни работи. На оваа конференцијата ќе бидат презентираат измените во Законот за обезбедување, како и нормативните решенија околу надзорот и контролата на овдешните Агенции за обезбедување.
Инаку, на конференцијата на која е најавено присуство на претставници на околу педесетина домашни Агенции за обезбедување, како и претставници на секторите за обезбедување на македонски фирми ќе учестувуваат и странски гости од повеќе европски земји (претежно од југоисточна Европа).
Конференцијата ја организира Комората на Република Македонија за обезбедување на имот и лица, а се планира првиот работен дел да биде посветен на европските законски решенија во оваа област, додека на крајот на конференцијата неколку домашни агенции ќе имаат своја презентација од досегашните нивни искуства.
Г. Момироски