Петтиот по ред Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), ќе се одржи денеска и утре во Охрид под покровителство на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

На Форумот учеството ќе земат  претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Бугарија Георги Прванов, на Албанија Бамир Топи, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, заменик-генералниот директор на Дирекцијата на Европската комисија за проширување Јан Трушински, како и високи претставници на влади, на водечки компании, банки и деловни асоцијации, како и припадници на академски заедници и преставници на 50 медиумски куќи од државите во регионот. Иако беше најавено, претсдателот на Србија Борис Тадиќ, во последен момент го откажа доаѓањето во Охрид, наводно поради презафатеност.

На Екононскиот форум во Охрид  предвидено да се одржат три одвоени тркалезни маси, на тема „Влијанието на кредитната криза врз финансиите и економиите на земјите од ЈИЕ“, „Инфраструктурата во регионот (градежна, патна и телекомуникациска)“ и „Енергетските пазари на земјите од ЈИЕ“. Покрај тоа, како и изминатите години, на средбата ќе биде презентиран и Извештај за конкрурентноста на земјите и регионот на Југоисточна Европа.

ohridnews