Охрид втора година по ред ќе биде домаќин на “Ноќта на гладијаторите“. 

Нашите најдобри кик боскери предводени од Ристески, Стајковски, Огњанов, Неделковска под директна палка на селекторот  Љупчо Неделковски, вечерта на 30 Август во Антички  ќе приредат нов спектакл под работно име  “Вечер на боречките спортови – ноќ на гладијаторите” .

Оваа манифестација селекторот Неделковски ја најави при настапот на македонската кик Бокс репрезентација на Балканското првенстово во Јуни.

Минатата година на Античкиот театар се одржа премиерната ’борба на Гладијатори“ каде во ултимејт фајт борбата помеѓу тримфираше Зоран Милевски нокаутирајќи го бугарскиот колега  Јавор Маринчев во најинтересната борба во рамките на кик бокс спектаклот .

ohridnews