Интегрирано управување со заеднички езерски басени, е тема на меѓународната работилница што од денеска до петок ќе се одржи во Охрид во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање -МЖСПП.

Оваа работилницата претставува продолжение од повеќето регионални работилници кои започнаа да се одржуваат од 2006 година. Коорганизатори на оваа работилница се Глобалното партнерство за води на Медитеранот, Медитеранската информативна канцеларија за животна средина, култура и одржлив развој, во соработка со проект „Интегрирано управување со  екосистемите во прекуграничниот басен на Преспанските Езера, Албанија, Македонија и Грција“.
    
Покрај главната тема Управувањето со водите во прекуграничните езерски басени ќе бидат разгледани можностите за директна примена на Рамковната директива за води на Европската Унија  која МЖСПП во целост ја вгради во Законот за води, кој ќе стапи на сила во 2010 година, но и Конвенцијата за заштита и користење на прекуграничните води и меѓународните езера на Економската комисијата на Обединетите Нации за Европа

Со свое обраќање работилницата ќе ја отвори, Дејан Паноски, државен секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање.

ohridnews