Охрид денеска и утре ќе биде домаќин на Меѓународната научна конференција „Безбедноста како предмет на истражување-пристап, концепти и политики“.
На овој научен собир кој го организира Факултетот за безбедност од Скопје ќе земат учество над 130 професори и научни работници од 15 земји и тоа: Италија, Руската федерација, Унгарија, Португалија, Чешка, Украина, Шведска, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска, Босна и Херцеговина и од Република Македонија.
На конференцијата преку научни прилози и низ дебата се очекува да се одговори на прашањата од областа на безбедноста кои предизвикуваат интерес во научната и општествената јавност.
OhridNews