Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, денеска ќе се обрати на четвртата по ред Меѓународна конференција на тема „Регионално управување со  отпад“ која се одржува во Охрид.

На настанот поздравно обраќање ќе имаат и извршниот директор на АДКОМ, Лолита Стојановска, претседателот на АДКОМ, Игор Спасовски, претставникот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Ракип Дочи, заменик на градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и претставник од ЗЕЛС.

На конференцијата, домашни и странски експерти ќе ги презентираат сопствените искуства од областа на управување со отпадот, како едно од најзначајните прашањата поврзани со заштитата на животната средина, а истовремено ќе се разгледаат и можностите за правецот во кој треба да се движиме и начинот на кој треба да се третира околината.

OhridNews