Македонија во ЕУ придонес за европскиот идентитет е тема на меѓународната конференција што во организација на Паневропската унија и Министерството за надворешни работи на Македонија што денеска започнува во Охрид.
На конференцијата покрај министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, ќе учествуваат и Дорис Пак, претседател на Комисијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа, поранешниот претседател на Европскиот парламент Сигберт Албер, Ален Тернуар, претседател на Интернационалната паневропска унија, како и Инго Фридрих, член на претседателството на Европскиот парламент.
Целта на конференцијата што ќе трае до 20 мај е да се даде поддршка на Македонија во напорите за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија.