Охрид од денеска до недела ќе биде домаќин на Шестата меѓународна конференција за преведувачи и толкувачи на “PROZ.COM“.

“PROZ.COM“ претставува платформа за преведувачи и толкувачи заснована на интернет и е најголемата база на контакти од преведувачи за сите светски јазици. Секоја година, членовите на оваа интернет страница се среќаваат на годишна меѓународна конференција.  Ова е прв настан од ваков тип на Балканот.

Учесниците на оваа конференција ќе имаат можност да ги проследат најновите достигнувања од полето на преводот и толкувањето, презентации на најнапредните софтверски решенија за машински превод, како и алатките за компјутерски помогнато преведување, но и да проследат презентации за книжевниот превод, техниките на толкување и секако, можност за остварување професионални контакти.

Според организаторите, одржувањето на ваков настан во Македонија, на кој ќе присуствуваат повеќе од 200 преведувачи од 49 земји, e одлична можност за поголема меѓународна афирмација на нашата земја, Охрид, но пред се на македонската култура.

Ohridnews