„Населението на Балканот на прагот на 21-от век“ е насловена Меѓународна конференција за демографијата на Балканот, која од денеска до 24-ти октомври ќе се одржува во Охрид. Овој значаен научен собир го организира Економскиот институт при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје и и DemoBalk.
Конференцијата има за цел да ја процени демографската ситуација на Балканот на почетокот на 21-от век и да привлече внимание на главните демографски трендови и нивните потенцијални ефекти на среден и долг рок.
Во изминатиот период, и DemoBalk асоцијацијата и локални организатори од Балканските земји организираа четири научни конференции за демографијата на Балканот: Солун, Грција (1996); Сараево, Босна и Херцеговина (2000); Белград, Србија (2005) и Будва, Црна Гора (2010 година).
OhridNews