Турнирот во Охрид е дел од напорите на македонските бриџ клубови да станат дел од Светската бриџ федерација, а охридскиот турнир да прерасне во традиционален.
Почетоците на игратаденеска позната како контакт бриџ датираат од Англија уште од 15 век, а првиот познат турнир е организиран во 1857 година во Лондон. Конечната физиономија бриџот ја добива во 1926 година кога Американецот Харолд Вендербилт ги искомбинирал најдобрите особини на дотогашниот начин на играње. Во 30-те години од минатиот век сопружниците Кулбертсон го издадоа првиот број на „Бриџ Ворлд Магазинот“ денеска еден од магазините со најголем тираж во светот. Во 1958 година е основана Светската Бриџ Федерација која секоја година организира Светски првенства (СП), а секоја четврта и бриџ Олимпијади. На овие простори бриџот пристигнал во 80-те години од 20-от век. Првиот регистриран клуб е Скопје во 1992-та, по што во следните години се регистрирани бриџ клубовите Охрид и Куманово кој во меѓувреме згасна. Охридскиот бриџ клуб броји 11 членови, заедно со Скопскиот организираат државни првенства, но и покрај тоа немаат кворум да формираат лига и со самото тоа да станат полноправна членка на Европската Бриџ Федерација.