Охрид ќе биде домаќин на првиот македонски Радиски фестивал кој ќе се се одржи во Античкиот тетар на  28, 29 и 30 јуни. Фестивалот е насловен како  „Ѕвездена ноќ“ и е поддржан од 22 радио станици во земјава кои почнувајќи од 10 мај ќе ги емитуваат песните кои ќе изборат пласман во завршницата на фестивалот по пет пати дневно.


„Ѕвездена ноќ“ во јуни на Антички

Се предвидува во Охрид да бидат изведени 30 нови композиции, најавија организаторите на „Ѕвездената ноќ“,  продукцијата „3Д“ и  и радиомрежата „Метрополис“. Фестивалот ќе има две полуфинални вечери, на секоја од нив ќе се исполнат по 15 песни за кои публиката ќе гласа по пат на СМС пораки. По десет најдобро пласирани песни од полуфиналните вечери ќе земат учество во финалето што ќе се одржи на 30 јуни. За победникот предвидена е награда од 2.000 евра, второпласираниот ќе добие 1.500 евра, а третопласираниот 1.000 евра.

Сите композиции ќе бидат изведувани во живо, а на фестивалот ќе можат да учествуваат странски  изведувачи, но само доколку пеат на македонски јазик. Влезот за трите фестивалски вечери на Античкиот театар ќе биде бесплатен.

ohridnews
фотографија: Пржин