Од понудените градови домаќини за СП кое од 21 јули до 3 август ќе се игра во Македонија, инспекцијата на ИХФ ја одби кандитатурата на Гостивар поради немање доволно сместувачки капацитети.
Скопје ќе биде домаќин на група А, Гевгелија на Б групата, а во Виница ќе биде група Ц.
Разигрувањето во втората фаза ќе се игра во Скопје и Охрид, а за пласман од 13 до 20 место Виница и Гевгелија.
Македонија во Охрид во рамките на мечевите од Ц-групата ќе игра против Кореја, Хрватска, Бразил и Океанија.