Македонските атлетичари денес ќе ја “сефтосаат” тартан подлогата во Охрид. По поставувањето на современата подлога Охрид се очекува да биде домот на “кралицата на спортовите” што се однесува барем до натпреварите во македонското првенство.
– Охрид, Македонија, добија многу со овај модерен атлетски објект. Тоа ќе биде причина за организирање на повеќе меѓународни митинзи, балкански првенства. Ќе направиме се’ да живне атлетиката во Македонија, но тоа не може да се направи преку ноќ, треба и треба и трпение – вели Влатко Димитров, тренерот на АК Охрид, и селекторот на македонската атлетска репрезентација.
Со митингот “отварање на сезоната” кој е прв натпревар на отворено , атлетичарите ја започнуваат новата сезона.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com