Спортската арена „Билјанини Извори“ и градот Охрид се потенцијални домаќини на кошаркарскиот Супер Куп кој означува почеток на новата сезона.


На кошаркарскиот Супер куп прв пат би учествувале четири екипи, а тие се финалистите од Купот на Македонија и од разигрувањето за титулата.

За првиот трофеј во новата сезона ќе се борат шампионот МЗТ Скопје, вицепрвакот Куманово, победникот во Купот, Работнички и Кожув.

За официјално доделување на Охрид за домаќин на мечевите од Супер купот ќе се одлучи следната недела.

Ohridnews