Организатор на конференцијата е Некстсенс, во соработка со „Centre for e-Governance Development“- Љубљана. Конференцијата е под покровителство на Собранието на Република Македонија, а е поддржана и од Службениот Весник на Република Македонија,National Democratic Institute-NDI, International Finance Corporation-IFC, Swiss Agency for Development and Cooperation-SDC, Regional Cooperation Council-RCC, Microsoft и Symantec. Целта на конференцијата е да се истакне успешниот пример и напредокот на Република Македонија во воведувањето на ИКТ во легислативниот процес како и да се даде придонес кон одбележувањето на 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата.
На отворањето на конференцијата воведно обраќање ќе имаат Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија и Иво Ивановски, министер за Информатичко Општество во Владата на Република Македонија, додека финалните заклучоци на затворањето на конференцијата ќе бидат дадени од Ерван Фуере, специјален претставник на Европската Унија во Македонија.Конференцијата ќе биде посетена од делегации од регионот на југоисточна Европа, среден Исток и Африка.
Учеството на конференцијата го потврдија речиси сите земји од Југоисточна Европа, неколку земји, членки на Европската Унија, како и Ерменија, Молдавија, Грузија, Нигерија и други.