Охрид е домаќин на Конференција за аудио-визуелни комуникации меѓу балканските земји, на која се разговара за реализација на заеднички регионален проект.

– Оваа година покрената е иницијатива за реализација на 60-минутен телевизиски културен магазин, емисија во која 12 национални телевизии од ЈИЕ ќе имаат по пет минути да претстават дел од својата култура, истакна Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудио-визуелни комуникации „ЕСРА“.

Конференција за аудио-визуелни комуникации што се одржува под покровителство на Владата на Република Франција, го најави второто издание на Фестивалот на францускиот филм кој годинава ќе се одржи од 28 јуни до 4 јули.

Ohridnews