Во хотелот Метропол во Охрид вечерва свечено ќе биде отворен 4-от Конгрес на педијатрите на Македонија со меѓународно учество .
Конгрес предвидено е да го отвири Министeрот за здравство Имер Селмани.
На конгресот како што најави организаторот учество ќе земат над 800 педијатри од земјава и странство.
На највисокиот собир на педијатрите ќе стане збор за најновите достигнувања на медицината во лекувањето на детските болести, за што ќе се расправа во пленарни сесии, ни изјави д-р Илија Димоски од Здружението на педијатрите на Македонија.
Работниот дел на Конгресот започнува утре.