Ј.П. „Билјанини Извори„ со цел промоција, подршка и започнување на нова тенденција во Охрид, на 20 и 21 септември (петок и сабота) организира Меѓународен Кошркарски турнир „ ОХРИД ТРОФЕЈ 2013„.
Натпреварите ќе се одигруваат во петок со почеток во 18,00 и 20,30 часот и сабота и тоа во 18,00 часот натпревар за 3-то место и финале во 20,30 часот.
На турнирот ќе учествуваат реномирани екипи кои се неколкукратни освојувачи на двојните круни во своите држави, две од екипите се учесници на AБA регионалната лига и една во Еуролига: КК.МЗТ – Скопје (Р.Македонија), КК.Лукоил Академик- Софија (Р.Бугарија), КК.Металац – Ваљево (Р.Србија), КК.Раднички – Крагујевац (Р.Србија).
Генерален покровител на настанот е Локалната самоуправа, а останати спонзори се: Црвен Крст – Охрид, Кошаркарска федерација на Македонија, Светлосни реклами ПАП, Aгенција за обезбедување Питон и One. Mедиумски покровители на Кошаркарскиот трофеј се: Македонска Телевизија, Радио Охрид, порталите Оhridnews, Оhridtimes и Webohrid.
Ј.П. „Билјанини Извори„ – Охрид ги поканува сите љубители на спортот да присуствуваат на настанот.
Ohridnews