Во организација на ФГСМ под покровителство на МОK, Охрид викендов ќе биде домаќин на семинар за едукација на гимнастички тренери. Околу 30-на тренери од Македонија и регионот ќе бидат обучувани од врвни предавачи од Словенија и Србија.

Словенскиот гиманстички експерт Едвард Колар ќе предава на темата “Менаџирање на спортистите во индивидуални спортски погони“.

 Преседателот на МОК, Васил Тупуркоски ја истака важноста на ваквите семинари, како и стратегија на МОк во развојот на врвниот спорт. – Мок има стартегија за ревитализирање и заживување на гимнастичкиот спорт кој го држи примарнто место, пред се поради тоа што базичен олимписки спорт и еден од најпоулараните. Нашиот регион има одлични експерти и во соработка со меѓународнито олимписки комитет имаме можност да ги ползуваме нивните знаења -истакна Тупурковски.

Преседателот на ФГСМ Љупчо Аранудов изрази задоволство што Охрид за прв пат ќе биде домаќин на ваков регионален собир, и напомена дека во иднина федерацијата во соработака со локалната ќе го заживет гиманстичкиот спорт во Охрид.  -Во Oхрид нема гимнастика, но во наредните години очекувам едно друштво да започне со работа. Очекувам општината да ни даде локација каде со сопствени средства ќе изгради спортски објект. Во преговори сме , проектот е предаден и секој момент очекуваме одговор -вели Арнаудов.

Гиманстичкиот Семинар кој започна вчера ќе заврши во недела со доделување на сертификати на учесниците.

M.П.