Охрид и “Билјани Извори“ ќе бидат домаќини  на македонската селекција до 19 години, која ќе се воигрува за претстојните европски квалификации во Шпанија.

Првата контрола ќе биде на 5 март против соодветната репрезентација на Црна Гора, додека во завршни разговори е и гостувањето на репрезентацијата до 19 год. на Романија.


Македонската репрезентација до 19 г. во Охрид летоска во Охрид одигра пријателска средба со Албанија.

 >> На “Билјанини“ Македонија – Албанија 1:1

Селекторот Југослав Тренчовски е задоволен што годинава се подобрува бројот на одигрување контролни средби.

Добро е што репрезентација која ќе не претставува на квалификациите во Шпанија пред тоа ќе има одиграно голем број тест мечеви.

Македонската селекција до 21 г. деновиве се очекува да пристигне во Охрид, како подготвка за пријателскиот меч против Хрватска на 11 февруари.

М.П.