На  1,2 и 3-ти мај (четврток,петок и сабота)  во Охрид ќе се одржи  Фестивал на камерна музика „Охрид те сакам“ чиј покровител е локалната самоуправа.Охрид за прв пат ќе биде домаќин на фестивал за камерна музика, а деталите за бројот на учесници и програмата  ќе бидат соопштени на прес конференција што ќе се одржи утре.


на фестивалот за прв пат ќе биде промовиран концертниот клавир „Seiler“

Во рамки на фестивалот, Емилија Маринова ќе настапи на новиот концертен клавир од марката „Seiler“, кој општина Охрид го доби на подарок од Меѓународната музичка и уметничка фондација од Лихтенштајн.

ohridnews