Дванаесеттиот по ред Фестивал на фризура, мода и убавина “HAIR FAIR 2018”, ќе се одржи на 25 – 26 март во Охрид, во хотелот “Aqualina”. На саемот ќе учествуваат престижни фризерски имиња од Балканот и Европа, информираат од Македонската фризерска асоцијација, која е организатор на настанот. 

На 25-ти март ( недела) ќе се одржи натпреварувачкиот дел. Учесниците ќе се натпреваруваат во: машко потстрижување, женско потстрижување, пунџа на долга коса, невестинска фризура и фризура „Фантази“. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, следува шоу перформанс на фризери од фризерските клубови од повеќе македонски градови, најави организаторот.

Следниот ден, 26-ти март, со шоу перформанс ќе се претстават најдобрите фризери – стилисти од Италија, Белгија, Холандија, Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

OhridNews