Ракометниот клуб Охрид в недела во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на завршниот Ф4 турнир во Пионерската ракометна лига.
Избраниците на Наум Бабачев кои регуларниот дел од сезоната го завршија на првата позиција во една од трите пионерски лиги против составот на Торо Спорт ќе се сретнат во 1/2 финалето, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат тимот на Астраион и Металург.
Полуфиналните пресметки на програмата се во 11 и 30 и во 13 часот, а мечот кој ќе даде новиот шампион закажан е за 19 часот.
Распоред:
1/2 финале
11:30ч Охрид – Торо Спорт
13ч Астраион – Металург
OhridNews