Охрид ќе биде домаќин на следното Европско првенство во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување, откако, прилепскиот Делта клуб со Воздухопловната федерација на Македонија победи во Лозана, Швајцарија, на конкурсот за организацијата. Шампионатот е предвиден за летото 2012 година во Охрид.


Охрид лани на Илинден беше домаќин на светскиот куп во параглајдерство кој се одржа на падините на Галичица. На Светскиот Куп учество зедоа 53 параглајдеристи од 7 земји. Во екипна конкуренција првото место го освои „Мотепарапропи“, пред „Бест фор Најк“ и прилепскиот „Делта клуб“.