Во рамките на симпозиумот ќе се одржи пленарна сесија на која еминентни експерти, стручни лица и директори на големи компании од областа на енергетиката, ќе ги изнесат своите видувања за актуелните состојби во енергетиката.
На симпозиумот што го организира Здружението на енергетичарите на Македонија – ЗЕМАК, ќе бидат презентирани преку 100 стручни и научни трудови.