На економскиот собир во Охрид беше најавено дека Македонија наскоро во Брисел ќе отвори лоби канцелатија, која треба да и помогне на бизнис заедницата во привлекувањето инвеститори и средства од европските фондови Борис Цизељ-директор на Словенечката Асоцијација за Бизнис и истражувања, истакна дека неговата земја ќе го помогне отворањето на лоби канцеларијата на Македонија во Брисел. Не велам дека без лобисти не можат да се добијат европски средства, но со нив тоа е полесно, рече Цизељ, кој смета дека земјава час поскоро треба да отвори лоби канцеларија во Брисел, зошто повеќето земји од регионот тоа одамна го имаат направено.
Во обраќањето на собирот што го организира Стопанската комора на Македонија, заменик-претседателот на Владата Зоран Ставрески ја нагласи улогата на бизнис-заедницата во напорите за интеграција на секоја земја на европскиот пазар. Притоа тој најави дека во иднина Владата редовно ќе се консултира со бизнис заедницата околу донесувањето на економските закони, што беше поздравено од Комората.