Ракометниот клуб Охрид двата мечеви во Купот на ЕХф со холандскиот вицепрвак Крас Волендам ќе ги одигра на домашен терен во „Билјанини Извори“.

Спортскиот директор Ѓоко Апостолов ја потврди информацијата и истакан дека мечевите ќе се одиграат на 2 и 3 септември.

– Најдовме заднички јазик, односно ја прифативме понудата од холандскиот состав да бидиме домаќини на двата мечеви. Тоа ќе биде голем мотив за нашите ракометари и празник за гледачите кои не подржуваат во текот на целата сезона. – истакна Апостолов.

„Гладијаторите“ подготовките ги започнаа денеска и веднаш се фатија за работа, бидејќи ги очекува „бурен“ летен период.

„Гладијаторите“ ги стратуваа подготовките за „евросезоната“

OhridNews