На 26 овој месец Охрид ќе биде домаќин на Државното првенство во боди билдинг, фитнес и бикини. Натпреварот ќе се одржи во домот на културата „Григор Прличев“, а заинтересираните за учество можат да се пријават во фитнес центарот „Фит Форм“.
– Подготовките се во завршна фаза за Државното првенство во Охрид. Тука ќе ги донесиме сите бодибилдери и ќе биде вистинско уживање за охридската публика – потенцираше Гоце Мојсоски организиратор на првенството.
За охриѓани ова нема да е прво искуство откако летово на плажата „Кадмо“ фитнес центарот „Фит Форм“ организираше ревијален натпревар, кој пробуди голем интерес.
Главни покровители на манифестацијата се Општината Охрид и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.
Мх.П.