– Со судење започнав во 1985 година, нормално во аматерските лиги. За да се постигне развој потребно е да се започне од мали нозе и да се сака фудбалот.
Со FIFA знакот се здобил во 1999 година, 4 години бил делител на правдата на најелитните фудбалски натпревари.
– Посебно уживање за судиите се дерби натпреварите, секој сака да биде дел од дербито, сите те познаваат, посебно во Турција, во мојот град, едноставно се шеташ низ градот, а луѓето велат да ова е Орхан Ередим. „Да, тој ке го суди дербито.“
Ередим во турската судиска организација е задолжен за развој на младите судии, но и на тренерскиот аспект во работата со судиите .
– Моја задача на семинарот ке биде да ги пренесам нашите искуства со што би помогнал во развојот на судиите. Преку разни примери и ЦД со интрукции од UEFA како судиите да го искористат своето знаење.
Модерната технологија се посилно тропа на врата за нејзино имплементирање, а Ередин смета дека би требало да се користи за време на фудбаслките натпревари, но само во одредени сегменти на играта.
– Потребна е само контрола на гол линијата, дали е гол или не. За останатото, не! Сепак грешките се составен дел од фудбалската игра завршува Ередин.
Судискиот семинар ќе трае до недела.