Охрид и Спортската сала Билјанини Извори ќе бидат домаќини на Балканското првенство во кик бокс кое од (26 – 29 јуни) ќе се одржи во Охрид .

Како што информираат од кик-бокс федерацијата на Македонија бројот на пристигнати пријави, до сега изнесува нешто повеќе од 200 спортисти од Србија, Бугарија, Хрватска, БиХ , Црна Гора  и Македонија.

Пријави се очекуваат и од Грција и Романија  кои го најавија своето доаѓање во Охрид.

Натпреварувачите од сите селекции, ќе бидат сместени во хотелот “Десарет”, а натпреварите ќе се одржуваат во салата “Билјанини извори”.

Во организацијата се вклучени и Агенцијата за млади и спорт и градоначалникот на Охрид.

ohridnews