Охрид и спортската арена “Билјанини Извори“ се домаќини  на Балканскиот шампионат 2009 и Интернационалниот  натпревар во спортска гимнастика “Битола 2009“ во јуниорска конкуренција. За прв пат, во македонската спортска гимнастика, која годинава одбележа 100-годишен јубилеј, во Охрид паралелно ќе се одржуваат две големи гимнастички манифестации.  


За македонската репрезентација на престојното Балканско првенство  ке настапат:
– во  машка спортска гимнастика:
1. Крстевски  Иван – КГС Партизан Битола
2. Бошњак  Дино – КГС Партизан Прилеп
3. Петрусевски  Андреа – КГС Партизан Орце Николов  Скопје
4. Стојановски  Даниел – КГС Партизан Орце Николов  Скопје

– во  женска спортска гимнастика:
1. Шипинкаровска Мартина – КГС Партизан Битола
2. Михајловска Санја – КГС Партизан  Битола
3. Јанкоска Ивана – КГС Партизан  Прилеп
4. Јездиц Мартина – КГС Партизан  Прилеп

На Балканскиот  шампионат 2009 покрај македонските гимнастичари се очекува да земат учество врвни гимнастичари од Албаниа, Бугариа,Србија, Молдавија, Романиа. На Интернационалниот  натпревар “Битола 2009 своето учество  ги пријавија натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Унгарија, Луксембург, Малта, Нигериа, Србија, Бугарија

Натпреварите  во спортска гимнастика ќе се одржат во арената “Билјанини извори“ во Охрид.

М.П.