Охрид и салата “Билјанини извори”се домаќини на Балканското првенство во бадминтон за играчи до 13 години во машка и во женска конкуренција.

На првенството кое ќе помине во организација на Бадминтон федерацијата на Македонија ,се очекува да настапат преку стотина натпреварувачи од 9 земји – Турција, Бугарија, Грција, Романија,л Албанија, БиХ, Србија Хрватска и нормално од Македонија.

Натпреварите стартуваат утре, а ќе се одржат во поединечна и во екипна конкуренција, како и во мешани двојки, исто како и во тенисот.

ohridnews