Охрид во месец октомври ќе биде домаќин на изборот за најдобра атлета во Македонија. Организиратор на оваа манифестација ќе биде фитнес центарот „Фит Форм“.


– Постигнавме договор со Претседателот на боди билдинг федерацијата Бобан Ѓороски за одржување на натпревар за најдобра атлета во Охрид. После долги години Охрид ќе биде домаќин на ваков настан, а охриѓани ќе имаат можност да ги наполнат очите со убаво градени тела – рече Гоце Мојсоски.

Летово во Охрид ќе се одржи натпревар за боди билдери на некоја од плажите на ривиерата што ќе биде генерална проба за државното првенство во октомври.

Мх.П.