Охрид ја доби организацијата на Балканското првество во гиманстика кое ќе се одржи наредната година во септември.

Како што не информираше преседателот на ФГСМ, Љупчо Аранаудов, апликацијата до меѓународната гимнастичка асоцијација ги задоволила потребните барања за оргазниција на натпревари од ваков тип.

Одличните услови, спортската сала како и туристичките капацитети беа клучните моменти во добивањето на организацијата на Балканското првенство , овде Охрид, вели Љупчо Аранаудов и додава , „ова е огрoмна придобивка како за градот така и за Македонија“.



Преседателот Аранаудов на неодамна одржаниот гимнастички семинар за тренери напомена дека во план е формирање на друштво кое ќе го развива гимнастичкиот спорт во Охрид.  

М.П.