Охрид и “Билјани Извори“ се домаќини на квалификациската група за Балканско полициско првенство во фудбал кое наредната година ќе се игра во Атина.

Во А групата која ќе се игра во Охрид, покрај домаќинот Македонија уште се селекциите на Турција, Кипар. Поради настапот на селекцијата на Македонија под своето уставно име Грчката репрезентација го откажала учеството.

Во првото коло од групата А , денес Македонија игра против Турција. Во среда се среќаваат Турција и Кипар, додека во петок црвено -жолтите ќе играт против Кипар.

Двете првопласирани екипи одат понатаму.

Во останата група Б во која беа Романија, Бугарија, Србија и Албанија пласман на завршницата обезбедиле полициските репрезентации на Романија и Бугарија.

ohridnews