„Македонија на патот кон НАТО и Европската унија“ е тема на меѓународната конференција на Балканскиот политички клуб, што денеска почнува во Охрид. Се очекува на отворањето на учесниците да им се обрати премиерот Никола Груевски.

На Конференцијата која има за цел поддршка и афирмација на надворешната политика на Република Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО структурите, ќе се дебатира на повеќе теми:  „Местото на Република Македонија во ЈИЕ, 18 години по осамостојувањето“, „Улогата на политичките митови и легенди на Балканот“, Меѓуетничките односи и идентитети“, „Членството на Република Македонија во НАТО“ и „ЕУ стратегија за границите на Балканот-поместување, но не и прекројување“.

Учество на конференцијата, чиј домаќин е министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, ќе земат претставници од општествениот и политичкиот живот на Балканот, како и поранешните претседатели на Турција, Романија и Македонија, Сулејман Демирел, Емил Константинеску и Киро Глигоров.

Ohridnews