Околу 70 претставници на медиумите,  11 информативни агенции од регионот и медиумски експерти, ќе земат учество на Балканскиот медиумски форум што на тема „Јавното мислење како фактор за членство во НАТО“ од 14 до 17 октомври ќе се одржува  во Охрид.

Покрај медиумските претствници на форумот свои обраќања ќе имаат министри, политичари и воени експерти од земјава, како и претставници на странски амбасади и на НАТО мисијата во Македонија.


Директорот на МИА-Јакимоски и градоначалникот Петрески

Организатори на форумот се Македоснката информативна агенција-МИА, Бугарската телеграфска агенција – БТА, А1 телевизија и весникот Дневник.

На прес конференцијата по повод одржувањето на Балканскиот форум, што се одржа денеска, градоначалникот на Охрид Александар Петрески истакна дека  ова е уште еден голем настан кој ќе придонесе за медиумска афирмација на градот.


Александар Петрески

По тој повод градоначалникот Петрески утре вечер во хотелот Славија Спектар, каде што и ќе се одржува Балканскиот форум, ќе приреди свечен прием за учесниците.

ohridnews
фото: Васко Бујароски