Атлетската федерација на Македонија на 29 март 2008 во Охрид ќе организира Семинар за атлетски судии, кој ќе биде задолжителен за сите што ќе сакаат да судат во оваа натпреварувачка сезона.

На семинарот ќе има предавачи од Бугарската атлетска федерација, а свое учество ќе земе и професорот по атлетика од Факултетот за физичка култура во Скопје, д-р Зоран Радик.

АФМ ги повикува сите заинтересирани што сакаат да бидат атлетски судии да се пријават најдоцна до 25 март. Пријавата и сите подетални информации во врска со Семинарот може да се најдат на веб страната на АФМ http://www.afm.org.mk/

На 22 март (сабота) со почеток во 12 часот во просториите на Сојузот на спортови на Скопје, во Скопје, Атлетската федерација на Македонија ке одржи Вонредно собрание за измени и дополнуванја на Статутот на АФМ.

Измените и дополнуванјата се по барање на Меѓународната Асоцијација на Атлетски Федерации (ИААФ), како и по предлози од Извршниот одбор на АФМ и од атлетските клубови во Македонија.  Предлог промените  се објавени на веб страната  http://www.afm.org.mk/ 

[email protected]