Охрид викендов е домаќин на петтата годишна – Регионална Конференција ,,Жените тоа го можат“ што се одржува во х. „Белведере“.
Организиатори на конференцијата се Сојузот на организациите на жените на Република Македонија во соработка со Норвешката Народна Помош.
Конференцијата на која учествуваа претставнички од Македонија, Албанија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Молдавија, е насочена да ги покаже, презентира и спореди постигнувањата и резултатите на планот на политичкото јакнење на жените во регионот, односно компаративно застапеноста на жените во Парламентите на овие држави и Кралството Норвешка.