На симпозиумот што се одржува во организација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, а под покровителство на претседателот на Владата Никола Груевски учествуваат 85 претставници од Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Албанија, Турција, Австрија, Русија, Германија и други земји. Од име на градот домаќин учесниците ги поздрави градоначалникот Александар Петрески.
Македонскиот јазик на иселениците од Македонија во европските и прекуокеанските земји и фолклорот и заедничките културни вредности на Балканот, се главни теми на симпозиумот кој веќе 36 години секоја втора година традиционално се одржуваат во Охрид.