Завршниот Фајнл-фор турнир во кадетска категорија ракомет мажи ќе се одржи во Охрид. Натпреварите помеѓу екипите на РК Бутел – ГРК Охрид и РК Алкалоид – РК Пролет 62, ќе се играат во недела во салата „Билјанини Извори“.
Охрид во полуфиналето ќе се сретне со Бутел. Мечот почнува во 11 часот. Во вториот меч од 13 часот играат Пролет ’62 и Алкалоид. Натпреварот за 3-то место се игра во 17:30, а финалето на програмата е во 20 часот.
Инаку, кадетите на ГРК Охрид во Битола, пред два дена ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер со осум голови разлика со што обезбедија пласман на фајнал-фор турнирот за шампионската титула во кадетска конкуренција.
OhridNews