На почетокот од септември месец следната година во водите на Охридското езеро ќе се одржи КОМЕН Медитерански куп на отворени води.

Медитеранскиот куп на отворени води дополнително ќе ја збогати пливачката агенда за следната година во градот Охрид. Медитеранскиот куп ќе биде во две возрасни категории. Во едната ќе пливааат учесници 2004/05 годиште на 5 километри, додека во втората ќе се натпреваруваат пливачи родени 2003/04 на 7.5 километри. Дополнително ќе има и штафетно натпреварување кои исто така привлекува големо вниамение.

Веројатно, КОМЕН Медитерански куп на отворени води ќе ја спушти завеста во пливачката сезона која ќе започне на средината од месец јули со организација на 10 километарски трки.

OhridNews