Под покровителство на градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, од 24 до 26 октомври во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид, се одржа подготвителен состанок за меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор 2019“, на професори – ментори и директорите на Електро – машински училишни центри од девет балкански држави.

На подготвителниот состанок се разгледуваше предлог практична задача, која ќе се изработува на школска ЦНЦ – машина од страна на учениците на натпреварот „Балкан Јуниор 2019“, кој ќе се одржи од 02 до 05 мај 2019 година.

Делегацијата од директори на земјите учеснички, беше во посета на Општина Охрид каде беа претставени учесниците на натпреварот и ги разгледа културно историските знаменитости на градот.