Филозофскиот факултет – Скопје во соработка со Националната галерија, ос 24- 26 септември во Охрид, организира Меѓународна конференција со наслов „На крстосницата на културните идеи: Македонија, Балканот, Југоисточна Европа – наследство, менаџмент, ресурси“.

На Конференцијата ќе учествуваат четириесеттина реномирани истражувачи на културното наследство од земјата и странство (Србија, Словенија, Бугарија, Романија, Германија, Франција, Шпанија, Израел).

Конференцијата свечено ќе ја отвори деканот на Филозофскиот факултет проф.д-р Ратко Дуев.

Во рамките на Конференцијата ќе биде промовирана и монографијата „Скопје- Осум милениуми живот, култура, творештво“.

OhridNews