Денес и утре на СРЦ „Билјанини Извори“ во организација на Атлетската федерација на Македонија и Атлетскиот клуб Охрид ќе се одржи Купот на Македонија.

Најдобрите атлетичари од нашата земја ќе ги одмерат силите во речиси сите дисциплини во кралицата на спортовите. Денеска на програмата се тркачките категории. Возбудувањата стартуваат во 15 часот и 40 минути, додека утре натпреварување ќе почне во 9 часот и 30 минути.

 

Помеѓу учесниците има и атлетичари од Охрид кои се очекуваат во одредени дисциплини да го потврдат својот квалитет и да донесат нов успех за атлетиката.

OhridNews