Градот Охрид и стадионот „Билјанини Извори“, трета година по ред ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Купот на Македонија во младинска конкуренција.

На охридскиот стадион ќе се одиграат пет од шесте финалиња во периодот од 20 до 22 мај. Финалната програма ќе започне на 20 мај со дуелите помеѓу помладите петлиња (2005 година) и петлиња (2004 година). На 21 мај претпладне на теренот ќе истрчаат кадетите а попладне младинците. Програмата ќе финишира на 22 мај со средбата помеѓу пионерите, додека помладите пионери финалниот меч ќе го одиграат на 29 мај во Скопје.

Протагоностите во куп финалињата во младинската конкуренција ќе имаат можност да играат на нов и саниран тервник на охридскиот стадион кој моментално го извршува Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“. Планирано е да се санираат и обноват околу 3 000 метри квадратни, што за фудбалерите ќе биде предуслов за добар и квалитетен фудбал.

OhridNews