Охрид по 20 години домаќин на Државно првенство во пливање. Со стартот на утринскиот распоред на трки започна Државното првенство во пливање информираат од ЈП „Билјанини Извори“.
Свечено отварање е во 17 часот, а од претпријатието упатуваат покана до сите љубители на пливањето да бидат дел од истото.
И во текот на вчерашниот ден попладнето беше одржан краток тренинг за сите пливачи како увертира за денешните интересни и неизвесни трки.
На Државното првенство учествуваат 17 клубови од Македонија со околу 400 пливачи. Трките од првенството се одржуваат денес и утре.
OhridNews